ПРИЛЕП СЕ БОРИ ЗА ВРВОТ

Ракомет: Прва машка лига

В сабота е мечот дома со Куманово

Продолжението од првенството на Првата ракометна лига го одбележа високиот триумф на Прилеп, дома со 44-16, против немоќниот тим на Риниа од Скопје. Гостите допатуваа само со седум ракометари, без резерви. Немаа ниту тренер, кој бил казнет и затоа седеше на трибина. При барање тајм-аут имаа мака како да побараат, бидејќи тоа мораше да го стори играч, додека трча во текот на мечот. Несекојдневна слика, но најважно е што Лигата продолжи, а Прилеп со сигурна игра освои три бода.

Прилепскиот состав, предводен од тренерот Андријано Котевски, има за цел да собира искуство и ако може да се пласира во горниот дел од табелата. Но, по одиграните 6 меча, се гледа дека Прилеп е една од поквалитетните екипи и има сили да се бори во близина на прволигашки врв. Веќе во саботата беше постигната победа во Неготино, над Вардар, со 29-32. Гостите воделе и со 8 разлика. Целата екипа дала придонес и дошла победата. Претстои нов предизвик – мечот в сабота (19 ч. во ,,Ричко,,) со Куманово. Дуелот претставува дерби, бидејќи разликата меѓу ривалите е само 1 бод. Некогаш Прилеп и Куманово беа во врвот од македонскиот ракомет, а сега целта е постепено враќање на реномето.

Табела: Астраион Струмица 16, Прилеп 15, Куманово 14, Јуниор КВ и Македонија ЃП по 12, Вардар 9, Текстилец 2, Риниа 1, Алушовски 0.

Против учесник во Купот Челенџ

Женската екипа Деспина успеа да победи на гости со 23-24 кај Кузман Вардар во Скопје. Во средата дома Деспина – Пелистер (28-25). Гостите учествуваа во европскиот Куп Челенџ. Викендов е слободен, а на 30 ноемвri дома со Чаир.

Loading