КАМЕРЕН КОНЦЕРТ НА РУСКИ МУЗИЧАРИ

„Амбасада на мајсторство“ е насловот на камерниот концерт на 21 ноември, четврток од 19 часот во изложбениот салон во ЦК ,,Марко Цепенков,,. Ќе настапат тројцата руски млади музичари, Алексеј Иванов на труба, Дмитриј Крилов, тромбон и Владислав Фјодоров на пијано. Концертот е во соработка со Агенцијата Россотрудничество Македонија и Амбасадата на Руската федерација.

Музичарите се дел од ,Санпетербуршкиот Дом на музиката. На програмата се дела од Кетинг, Нестеров, Бетовен…

Концертот е дел од одбележувањето на 40 години од формирањето на Домот на културата.

Loading