Тематската изложба „Лазарки“ е отворена во Центарот за современа ликовна уметност. Преку фотографии се претставува ликот на македонското девојче Лазарка од предели каде обредите се поврзани со празнувањето на празникот Лазарева сабота и се сочувани со голема архаичност.
Аактивноста ја популаризира Лазара, обичај кој во 2019 година е прогласен за заштитено нематеријално културно наследство.
Изложбата ја отвори д-р Ели Луческа.