ПРЕМИЕРА НА „ИВИЦА И МАРИЦА“

foto Ivica i marica

Утре на пладне во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ Мал театар Прилеп премиерно ќе ја прикаже претставата за деца „Ивица и Марица“, во која играат Димитар Црцороски, Марија Спирксока Илијеска, Ангела Наумоска и Александар Тодески. Музиката е на Томе Темелкоски, а ќе пее Александра Трајческа.

Ова е трета претстава на Мал театар Прилеп, по ,,Силјан Штркот,, и ,,Новогодишна бајка,,, со што полека се етаблира како театар кој подготвува претстави за најмладите.

Претходно во почетокот на јуни го организираше фестивалот за претстави за деца ,,Силјан штркот,, со поддршка на општината.

Loading