„ГЛЕМБАЕВИ, УШТЕ ЕДНА ЛЕГЕНДА“ ВО ЗАГРЕБ

Glembaevu uste edna legenda

Дел од ансамблот на театарот сопретставата „Глембаеви, уште Легенда“ од 18 до 22 ноември гостува во Загреб на фестивалот Еуроказ. Трипати ќе ја изведе заедничката претстава, која премиерно беше прикажана на прилепската сцена. Режисер на претставата, што е копродукција со Еуроказ, е Бранко Брезовец, композитор Никола Мицевски, сценограф Ивана Кнез. Играат осумина актери од нашиот ансамбл и петмина загребски артисти.

Ова е второ гостување на нашиот театар на Еуроказ.

Проектот е финален резултат на долгогодишното интересирање на хрватскиот режисер Бранко Брезовец за драмата Господа Глембаеви на Мирослав Крлежа, која тој досега трипати ја поставил на сцените во Ријека, Загреб и Прилеп.

Претставата-есеј ја допира можноста на односите Глембај – Ангелика (Ангелика како фигура на Спасението и за стариот Глембај), Леоне – Зилбербрант (нивното љубовничко наговестување, па со тоа и ослабеноста на еротскиот контакт меѓу Бароницата и Зилбербрант), односот на Оливер со Бароницата и Глембај (потполно неелабориран во драмата).

,,Глембаеви, уште една Легенда,, ја поместува драмата на Крлежа од хоризонтот на мотивациска ибзеновштина и ја приближува кон стринберговската приватна симболика на Патот за Дамаск.

Уметничката организација Еуроказ е основана во 1987 г. како фестивал на нов театар кој во 27-те фестивалски изданија се профилирал како еден од највлијателните фестивали во регионот соучество на над 300 уметнички групи од целиот свет. Фестивалот се одржува во континуитет од 1987 г. до 2013 г. Од 2006 г. се оддалечува од презентациската и информативната функција и станува продуцент и копродуцент на проекти со домашни и меѓународни уметници и партнери. Од 2014 г. продукцијата станува главната дејност на Еуроказ и соработува со македонските театри.

Loading