БОЈКОТОТ ЗАВРШИ

Ракомет

По еден месец пауза, поради бојкотот на мнозинството клубови, во средата продолжи првенството од Првата ракометна лига. Во салата ,,Ричко,, се одигра мечот Прилеп – Риниа (44-16). Прилепскиот тим редовно тренираше и се смета за подготвен да продолжи со победите. В сабота на ред е гостување кај Вардар во Неготино. Тој меч е од 6 коло.

Женската лига Деспина дома со 17-24 загуби од Стружанка. Синоќа гостуваше кај Кузман Вардар во Скопје, а викендов е домаќин на Пелистер.

Loading