ПУБЛИКАТА СТОЕШЕ, МИСЛЕЈЌИ ДЕКА СЕ СВИРИ ХИМНАТА

Историја

Во годините по осамостојувањето на Македонија, народот се свикнуваше на промените што ги носи државноста. Со нетрпение се дочека првиот настап во Прилеп на Младата фудбалска репрезентација против Турција на 1 септември 1994 година. Истрчаа играчите на загревање, а на периферијата од теренот се појави и градскиот оркестар. За да ја подгрее атмосферата тој почна да свири борбени песни. Прва беше ,,А бре, Македонче,,, Безмалку цел стадион стана на нозе, мислејќи дека се свири химната. Фудбалерите растрчани, а гледачите мислат дека се свири химна. Почетно непознавање на процедурата. Дел медиуми прокоментираа дека е отсвирена погрешна химна, но вистината е оти оркестарот ништо не згреши, згреши само народот.

Македонија победи со 1-0.

Loading