ЈУБИЛЕЈ – 15 ГОДИНИ БК 7 МАЈ

Борење

В недела (17 ч.) во ОУ ,,Гоце Делчев,, се одбележуваат 15 години постоење на Борачкиот клуб 7 Мај. Основан е во 2004 година по иницијатива на Саше Игнатовски, Александар Стојаноски и Илчо Марковски. На првиот тренинг имало само 1 борач! Потоа прилепчаните, кои дотогаш најмногу ги привлекуваат фудбалот и ракометот, го прифаќаат и борењето, па на тренинзите имало и по 70 борачи. Клубот од година на година доживува прогрес на организациски и резултатски план. Се редеа медалите на домашни и меѓународни првенства. Во најново време ѕвезди на клубот се од женското борење.

Клубот редовно е организатор на турнирот ,,Љупчо Црвенкоски,,.

Loading