ПРЕРАНО Е ЗА БЕЛО ЗНАМЕ

Фудбал: Втора лига – Исток

-Остануваат 16 кола за надоместување на загубеното

Pobeda

Многумина веќе ја ,,отпишаа, Победа по одиграните 11 рунди во Втората фудбалска лига – Исток. Велат дека е идниот третолигаш. Ако се гледа пласманот (8 место) и освоените бодови (7) секако дека имаат право. Спасоносните места се далечни – петтото бега 14, шестото 9 бода. Од друга страна, не му личи на клуб со звучно име толку прерано да крева бело знаме, да се предаде уште во есенската полусезона.

Остануваат уште 16 кола да се надомести загубеното, да се обезбеди  опстанок. Што би било ако во наредните три, последни есенски кола, се наредат три победи? Тоа не е неможно. Дома се дуелите со Кожуф (в недела во 13 ч. на Могила) и со Осогово, а на гости кај Плачковица во Радовиш. Во лигата нема силни екипи што не можат да се совладаат. Потврда е мечот дома со Тиквеш, кој избегна пораз. Минатото коло Кожуф, загуби убедливо дома од Пехчево, иако беше првопласиран. Можно е сé. Проблемот е во Победа. Ако заигра колку може, ќе дојдат резултатите. Во тимот на Мегленски за в недела ќе недостасува Вецески, кој има црвен картон.

Табела: Беласица 25, Брегалница 24, Кожуф 23, Тиквеш и Пехчево 21, Саса 16, Плачковица 11, Победа 7, Осогово 6, Питу Гули 3.

Деспина надмоќна

Во Женската фудбалска лига Деспина продолжува да реди успеси. По триумфот 1-3 во Скопје над шампионот Драгон, дома со 10-0 ,,настрада,, Борец. Стојковска даде 4 гола, Марковска 2, по 1 Чубриноска, Милеска, Ѓорѓиоска и Петреска. На ред е гостување кај Ас унитед во Струга.

Табела: Деспина и Саса 22, Тиверија и Драгон 19, Ас инитед и Шкендија 18.

Loading