„ФРАГМЕНТИ“ ОД ЖАРКО БАШЕСКИ

Изложба

Delo od Baseski

 

Во ликовната галерија од НУЦК „Марко Цепенков“ вечерва од 19.30 чаасот ќе биде отворена изложбата „Фрагменти“ од  македонскиот скулптор од Прилеп а кој работи во Скопје, Жарко Башески,. По подолга пауза тој пак се претставува пред своите сограѓани.

Ирма Башеска Ристовска вели дека ќе може да погледнат неколку различни „фрагменти“ од творечкиот опус на Башески. На јаве се неколку постари и неколку сосема нови дела со нов начин на претставување на човечката фигура.

Новото се состои во поинакво, современо, концептуално доживување на фигурата во споредба со поранешни дела. Користени се досега неупотребувани материјали. ,,Фрагменти,, е прозорец на минатиот период. Сега се менува творечкиот пристап во зависност од тематиката, начинот на работа и употребата на материјалите. Изложбата содржи различни дела кои поврзуваат различни периоди на уметникот, различни идеи, работени во силикон и полѕестер. Претстава за моментниот пристап се доловува со дело во стакло.

Дел од делата биле изложувани во Франција, Германија, Италија, Латвија, Бугарија, Црна Гора…

Башески е познат македонски скулптор со бројни изложби во земјата и во странство.

Loading