АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Ловците во матно не дозволуваат да видиме бел ден.

Х

Ѓаволите не се женат. Доволно им било еднаш, а роговите им останале.

Х

Откако удри со глава во ѕид сфати дека влегол во ќорсокак.

Х

Подобро е воопшто да немаш поим, отколку да ги мешаш поимите.

Х

Вистината е на наша страна, ама правдата некаде залутала.

Х

Од сите живи суштества само човекот умее да си ја пресече гранката на која седи.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading