ДЕСПИНА – СТРУЖАНКА

Ракомет

Претстои интересен дуел од Женската лига, Деспина – Стружанка, в недела (19 ч.) во ,,Ричко,,. Досега двете екипи се израмнети според бројот на освоените бодови (12), па се очекува неизвесен меч. Прилепчанките за да вложат максимум имаат мотив во намерата да им вратат на гостинките за последните порази на меѓусебните дуели. Деспина одлично игра, а на претходниот меч со 26-20 ја надигра Гевгелија. Најефикасна А. Камческа со 9 гола.

Машката екипа Прилеп има цел месец пауза, а следен меч е на гости кај Астраион во Струмица.

Loading