ЈУБИЛЕЈ – 40 ГОДИНИ ЏК ПРОЛЕТЕР

Џудо

Денеска (17 ч.) во Интернатот ,,Орде Чопела,, ќе има одбележување на јубилеј – 40 години постоење на Џудо клубот Пролетер. Неговата историја е исполнета со успеси, од времето на некогашна Југославија, па и во самостојна Македонија. Учества на домашни и меѓународни турнири и првенства, освојување на медали од балканијади, сето ова најмногу е поврзано со тренерот Славе Димитријоски. Клубот е долгогодишен организатор на меѓународен турнир. Од неговите членови може да се спомене успехот на Катерина Николоска, учесник на Олимпијадата во Рио 2016.

Претходно беше одбележан Светскиот ден на џудото со засадување дрвца кај манастирот во Селце.

Loading