ВЕЛЕМАЈСТОРСКИ ПРЕСМЕТКИ ВО ПРИЛЕП

Шах: Второ издание на „ОПЕН Прилеп“

Се очекуваат над 150 учесници

SAH

Меѓународниот турнир во забрзан шах „ОПЕН Прилеп“ ќе се одржи в недела (11 ч.) во Државниот студентски дом ,,Орде Чопела,,. Тоа е најголемиот шаховски настан во градов, кој го има второто издание. Може да се очекува надминување на ланската бројка учесници (127) бидејќи уште до вторникот имаше пријава од 84 шахисти. Меѓу нив се шестмина од Србија, од кои тројца: интермајстори: Борољуб Златановиќ (рејтинг 2502), Милош Станковиќ (2477), Зоран Новоселски (2386), Турнирот има просторни и временски услови за над 150 учесници.

Имаше најава дека ќе се надмине и ланската бројка велемајстори (3) оти веќе беа пријавени нашите Звонко Станојоски (2417), лани второпласиран и Драгољуб Јаќимовиќ (2355), а се чекаше да дојдат уште неколкумина од Србија, како Борко Лајтхајм, Мирослав Миљковиќ, Миодраг Р. Савиќ и други. Треба да се очекува и интермајсторот Филип Панчевски, минатогодишниот победник. Што се однесува до прилепчаните, сигурно ќе бидат најбројни. Освен Станојоски, тука се фидемајсторите Роберт Велески и Славе Трајкоски, потоа Горан Готовуша, Марјан Дамчески и други помлади.

Турнирот за организатори ги има Општина Прилеп и ШК Прилеп, а наградниот фонд е 96 илјади денари.

Loading