„ВРБА“ НА МАНЧЕВСКИ ВО „…ЦЕПЕНКОВ“

По светската премиeра

По светската премиера во Рим, в понеделник и вторник во големата сала на ЦК ,,Марко Цепенков,, премиерно ќе биде прикажан најновиот филм на режисерот Милчо Манчевски ,,Врба,,. За 100 денари ќе може да се проследи ,,трагедија со хепи-енд,,. Филмот е богат со сцени на тажни моменти, многу хумор, радост и живот.

,,Врба,, е екранизација на македонска приказна. Моќниот драматичен еп говори за три македонски жени со желби за семејна љубов. Делото е многу покомплексно отколку што може да се замисли.

Дел од сцените се снимани во прилепско.

Loading