РЕЛЕВАНТНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КУЛТУРНИТЕ РЕСУРСИ

Потребен е критички преглед на состојбите во спомениците на културата и подготовка на стратегија и планови за оптимизирање на туристичките производи и услуги бидејќи туризмот е една од најдобро растечките и најпрофитабилни стопански гранки. Нужна е интензивна соработка меѓу заводите, музеите, научните институции и туристичките оператори и водичи за да се одговори на барањата на домашните и странските туристи. Целта е затворен круг преку обезбедувањена основа за враќање на инвестираните средства назад во системот индиректно преку повисок квалитетот на презентација. Туристичката промоција и умерената експлоатација на културното богатство ќе обезбедат одржување, презентирање и средства за нови стручни и научни истражувања.

-Културното наследство располага со силна едукативна и економска димензија. Во таа насока е проектот DIENDICURE, поддржан од ЕУ во Скопје и од Министерството за култура како недеструктивни методи за заштита и промоција на културното наследство – Просторна ГИС платформа за урбаните центри од римскиот и рановизантискиот период.  Во првата фаза ,,Развој на универзална база со податоци за туристичките потенцијали на спомениците на културата – унапредување на информираноста за туристичките капацитети на спомениците на културата,, е изработен елаборат за евалуација на состојбата со спомениците на културата од аспект на нивната експонираност и достапна туристичка понуда. Како логична надоградба на ГИС системот со 90 атрибути за секој од шесте споменици на културата од римскиот и рановизантискиот период, се разви посебен модул во којшто се внесуваат информации непосредно поврзани со туристичката инфраструктура за секој споменик на културата. Создаден е образецот (формата) за дигитален внес на податоци непосредно поврзани со потребите на потенцијалните туристи. Системот се полни со информации за пристапноста, околината, апстрактна оцена на квалитетот на туристичка понуда, за современата инфраструктура, потенцијалите за прошетка и разгледување, потенцијалното постоење на музеј, негово работно време, работно време и други достапни активности во близина на споменикот. Примарни извори на информации за креирањето на образецот беа споменици на листата на локалитети ставени под заштита на УНЕСКО. Со оглед на тоа што некои од спомениците на културата се врз или во непосредна близина на споменици на природата беа користени и интернет страни за такви локалитети – велат од Здружението Менелај.

Проектот е реализиран со помош на Министерство за култура а имплементиран од Здружение на граѓани МЕНЕЛАЈ Прилеп и м-р Христијан Талевски како раководител и со поддршка од Институт за старословенска култура .

Loading