ДВА КИЛОГРАМИ МИНУС СО ДИЕТА СО ЧАЈ И МЛЕКО ЗА ЕДЕН ДЕН

Еднодневна диета да се изгубат два килограми. Диетата не се повторува повеќе од двапати месечно. Интолерантните на млеко, или со болест на бубрезите или жолчката, низок притисок, да не започнуваат со диетата.

Ако се пие по една-две чаши чај, со овој трик ќе се сметнат два килограми без никаква мака. Килограмите ќе летаат со секоја голтка!

Чајот носи бројни благодети за организмот. Во комбинација со млекото придонесува за слабеењето. Само чајот да биде зелен. Комбинацијата предизвикува детоксикациска бомба. Оваа диета е најпозната во Англија каде чајот е неизоставен дел од секојдневието.

Појадок – чаша зелен чај со малку млеко.

Се избира едно, двопек со едно-две варени јајца, житарки со оризово млеко или јогурт (кефир) или порција овошје и зеленчук.

Ужина -чаша свежо цеден сок, по ваш избор.

Ручек – 200 г. месо без многу маснотија и варен зеленчук плус голема порција свежа салата. На крај чаша зелен чај со малку млеко.

Ужина – чаша свежо цеден сок по избор.

Вечера – Варен компир или некој друг зеленчук и чаша зелен чај со малку млеко.

Loading