КАЛИНКАТА Е ЛЕК ЗА РАК НА ПРОСТАТАТА …

kalin1

Забавување на стареење и јакнење на  имунитетот се постигнува со свежо цеден сок од калинки. Ова вкусно овошје е концентрат од витамин Ц, богато со калиум и витамини А и Е. Содржи фолна киселина и многу моќни антиоксиданси. Редовното конзумирање спречува многу болести. Сокот не се  препорачува на пациенти кои боледуваат од дијабетес.

Содржината на растителни хормони го намалуваат ризикот од рак на простата. Калинката може да доведе до намалување на вредностите на ПСА во крвта со секојдневно пиење на 250 мл. сок. Кората содржи повеќе од 20 отсто танин. Тоа е ефикасен лек против проливи. Чај од калинка се прави од сува кора која се ситни на помали парчиња и се складира на суво место. Потребни се 3 големи лажици ситна кора која се прелива со 1 литар вода која врие. Се остава 15 минути и се цеди пред консумација.

Чајот е полезен и за отстранување на цревни паразити и цревни инфекции.

Калинка на прозорец

kalinka

Егзотичната билка се одгледува од семка во саксија на прозорец. Не е тешко. Има атрактивен и декоративен изглед. Првин е потребен убав зрел плод од калинка. Се лупи, се јаде внатрешноста, а неколку семк се ставаат да се сушат 24 часа. Тие се ставаат во вода да стојат два дена на температура од 20-22 степени. Водата се менува на секои 12 часа. Мала саксија се полни со мешавина од песок и тресет (1:1).  Во навлажнетата почва се засадуваат семките на длабочина од околу 2 см. Саксијата се покрива со проѕирна фолија да се создаде ефект на стаклена градина. Секој ден се вади фолијата  кратко за да влезе нов свеж воздух. Билката мора да добива доволно вода и сончева светлина. Се полева кога земјата ќе почне да се суши. Првиот никулец се очекува за 7 до 10 дена. Со појавата на првите ливчиња, билката се пресадува во поголема саксија со стандардна земја.Цвета по 9 месеци. Три месеци подоцна дава плодови.

Калинката не бара посебно внимание за одгледување.

Loading