СОК ОД ЦВЕКЛО СТАНУВА „МРТВИ“

cveklo

Сокот од цвеклото се ценел како лек уште пред 4000 години. Секогаш е на врвот од здравите намирници. Толку е здрав и лековит, што го надокнадува малку лошиот вкус кој се освежува со лимонов сок или мешавина од јаболков, лимонов и сок од морков. Комбинацијата ги крева и ,,мртвите,,.

Се пие свеж, не повеќе од 100 мл. дневно, најмногу еден месец. После се прави пауза од 2 седмици. Поголема приготвена количина се чува во фрижидер најмногу 3 дена, оти се губат лековитите својства.

Секојдневното консумирање може да предизвика црвена боја во урината или во столицата. Нема место за страв, оти тоа е нормална појава.

Сокот од цвекло содржи антиоксиданти и има антивоспалителни својства. Ги елиминира слободните радикали од организмот. За тегоби со дигестијата, се пие редовно, оти ги чисти цревата. Добар е и за здравјето на очите. Ја зголемува енергијата и му помага на телото при физичка активност.  Една чаша сок дневно го регулира крвниот притисок и го зголемува нивото на железото во крвта. Го одржува нормалното ниво на хемоглобинот и ја подобрува циркулацијата. Содржината на магнезиум ублажува стрес.

Сокот од цвекло се користи како природен лек со милениуми. Сепак, најдобро е сами да го проверите.

Loading