НЕСРЕЌНИ ПОСЛЕДНИ МИНУТИ

Победа

Есенва Победа и кога има игра – нема среќа. Така со фаворитот Тиквеш дома, кога во 94 минута прими гол за 2-2, а слично нешто се случи во Пехчево. Таму, против домашниот Кит-Го, прилепскиот второлигаш имаше водство со голот на младиот Јошески се до 87 минута. Тогаш домашните израмнија, а во 95 минута дадоа победоносен гол за 2-1. Победа го доживеа петтиот пораз и е далеку од горните 5 тима, а веднаш над двата најзагрозени. Престојат уште две ,,врзани,, гостувања: в сабота кај Саса во Каменица, по седум дена со Беласица во Струмица.

Табела: Беласица 22, Кожуф и Тиквеш 20, Брегалница 18, Пехчево 15, Саса и Плачковица 10, Победа 7, Осогово и Питу Гули по 3.

Loading