ГРАДСКО ШАХОВСКО ДЕРБИ

Историја

Некогаш имаше лига-натпреварувачки систем во шах. Во сезоната 1992/93 во Западната група од Државната лига, меѓу 6 учесници, беа два прилепски клуба: Еуроинвест 11 Октомври и АД Центар. Така квалитетот, поделен на две места, не го донесе посакуваниот пласман во плеј-офот, каде влегоа Маврово (Скопје) и Стево Патако (Битола). Веднаш подолу, на 3 и 4 место со ист број поени (23,5) се пласираа прилепските екипи. Нивниот меѓусебен дуел заврши 5-5. За Еуроинвест 11 Октомври играа: Станојоски, Хаџипопоски, Велески, С. Трајкоски, Г. Трајкоски, Ристески, Врглеска, Конески, Котески, Стеваноски, Богески, Н. Андова, Б. Андова. За АД Центар: Б. Дамески, Крстеска, Ѓорѓиески, Тодороски, Милошески, Томески, Николоски, Црнеска, Дулев, Бошкоски, В. Дамески.

Loading