ДЕРБИ ВО ПРЖИНО

Деспина гостин на Драгон

В сабота е големо дерби во Женската фудбалска лига, Драгон – Деспина. Се игра во Скопје, во Пржино. Домашната екипа е лидер на табелата и актуелен шампион, а гостинската е со ист број бодови на второто место. Можеме да очекуваме рамноправна игра и непредвидлив исход. И нерешеното им одговара на прилепчанките. Токму тоа се случи на претходнит меч, дома, со Тиверија (0-0). Прилепчанките имаа повеќе удари, а и гостинките се заканија, но голманките Колевска и Панчурова беа несовладливи и од зицер-шанси.

Табела: Драгон, Деспина и Саса 16, Шкендија 15, Тиверија 13, Ас унитед 12, Истатов и Борец 7, Атлетико и Речица 6, Топ-Гол 4, Кочани 1, Љуботен и Плачковица 0.

Loading