ДАЛИ МЛАДОСТ 96 МОЖЕ СО МЛАДОСТ?

Пинг-понг: Градско дерби во Супер лигата

-Помладиот тим има 1 пораз, постариот со скор 16-0

Mladost 96

Дојде денот за градско дерби. В недела (14 ч.) во СОУ ,,Ѓорче Петров,, е дуелот од Супер лигата, Младост 96 – Младост. Двата тима најавуваат борба за титула, но по 4 одиграни меча резултатите не се сосема исти. Младост 96 по победите против Телеком 4-0 и Радовиш 4-1, на последниот турнир со 4-1  го ,,згази,, и шампионот Вардар, но со 1-4 загуби од Шампиони ФА. Тренерот Гоце Тошески на располагање ги има Петар Костовски, Андреј Лашкоски и Александар Рикалоски.

Младост, актуелниот вицешампион, во 1 коло со 4-0 го ,,растури,, првакот Вардар, во 2 и 3 коло на ист начин ,,настрадаа,, Телеком и Работнички. На последниот турнир ништо подобро не го снајде и Радовиш, совладан со 4-0. Овој прилепски состав изгледа застрашувачки за сите противници. Ниедна партија нема загубено, скорот е максимален 16-0. Можеби очекувано, ако се знае дека тренерот-играч Зоран Јованоски ги има: Ѓоко Јочкоски, Александар Штаргоски и младиот Србин, Дејан Оцокољиќ. Дали некој ќе им застане на патот? Колку Младост 96 ќе им претставува проблем? Двете екипи потоа имаат уште по еден ривал: Младост 96 со Работнички, Младост со Шампиони ФА.

Табела: Младост 8 и Шампиони ФА по 8, Младост 96 – 7, Работнички Радовиш и Телеком по 6, Вардар 4.

Кадетски турнир

Во истата сала, но в сабота, е Првиот турнир за кадетки и кадети до 15 години. Се очекува учество на најнадежните од целата држава. Претходната сабота беше Првиот турнир за пионерки и пионери до 12 години. Во оваа конкуренција трето место освои Давид Јоноски (Младост 96).

Loading