ПРИЛЕПЧАНКА НАЈМЛАД ЏЕЗ МУЗИЧАР

Andrea Mirceska

Андреа Мирческа ја доби наградата ,,Златен орикс,, за најдобар млад џез музичар за 2019, како најава на 38. издание на Скопски џез фестивал. Дваесет и едногодишната басистка е трет добитник на оваа награда, востановена во соработка со Катар ервејс, по тапанарот Виктор Филиповски и пијанистот Филип Димишковски.

– Среќна сум за наградата, особено што тоа се случува на почетокот на мојата музичка кариера. Ме поттикнува да продолжам во музичкиот развој и наскоро да понудам нови проекти – изјави Мирческа на доделувањето на наградата во Младински културен центар.

Мирческа студира џез контрабас и е апсолвентка на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на професорот Кирил Туфекчиевски.

Освен што има свирено со ,,Летечки пекинезери,, и триото на Јордан Костов, таа е дел и од ,,Шамба,, новиот авторски проект на гитаристот Бојан Петков.

Loading