МАСЛОТО ОД ТИКВА ЛЕКУВА ПРОСТАТА…

maslo

Маслото од тиква се користи во јадења со зеленчук, риба, печурки, за приготвување на тестенини и месо. Ова масло во исхраната е спас на здравјето. Богато е со витимините А, Е, Ц и К и содржи повеќе од 60 отсто незаситени масни киселини. Содржи и витамини од Б групата, минерали (фосфор, калциум, магнезиум, калиум), како и траги на железо, цинк, манган. Има и лецитин, протеини и салицилна киселина. Толку е здраво, што треба да се користи секој ден. Одличнно е за регулација на проблемот со зголемена простата, лекува инфекции на уринарните канали кај мажите и жените, го подобрува квантитетот и квалитетот на спермата, го регулира холестеролот, помага при кардиоваскуларните болести, синдром на нервозни црева, помага за исфрлање на цревни паразити, ја нормализира функцијата на бубрезите, го подобрува имунитетот, видот и расположението. Лекува изгореници и разни кожни болести, благотворно делува на тенот и успешно го запира опаѓањето на косата.

Се консумира најмалку три месеци по 2 лажици двапати дневно (со појадок и вечера). Важно е да не се прекинува терапијата првите седмици. Иако тегобите постепено исчезнуваат, терапијата продолжува следните 6 месеци. При зголемена простата, симптомите на болеста ќе се повлечат по неколку денови или седмици, бидејќи има антибактериско делување кое ефикасно го запира воспалителниот процес. Тоа не значи дека процесот на зголемена простата е запрен, бидејќи е потребен подолг период. Ако се страда од бенингна хиперплазија на простата, најдобра е консултација со лекар пред употребата.

За превенција се пие по 1 лажица масло двапати дневно. Се чува на темно, ладно место во добро затворено шише, најдобро во фрижидер.

Се користи и во козметиката за лекување и нега на кожата. Помага во борбата против акни. Се користи за готвење и за салати, риба, печурки, за приготвување на тестенини и месо.

Масло со темно зелена боја може да се направи од семките од тиква. Се распоредуваат во караванче од шпорет без да бидат една врз друга. Потоа се печат на 60 степени 3-4 минути. Потоа семките се ставаат во преса да се исцеди маслото. Може да се цедат рачно, но е помалку ефикасно. Тоа се прави со аван и толчник. Секако треба да се процеди низ газа.

Loading