ПРИЛЕП ВО РЕДОТ СО СЕУЛ, ВАРШАВА, СЕВИЛЈА…

Воздухопловство: Светски куп во дронови

Svetski kup vo dronovi

На стадионот кај Могилата се одржа Светскиот куп во дронови, чиј домаќин беше клубот ,,Фил феникс,, со ВФМ и ФАИ, која за контрола испрати свој претставник. Настанот е значаен затоа што е последен од серијата светски купови, почната во март и распределена низ три континенти: Европа, Азија, Австралија. Прилеп се нареди меѓу големи градови, како Сеул, Варшава, Севилја…

-Посебен печат на настанот стави поштенската марка. Покрај дронот, на неа е и Градскиот саат. Ретка можност за ваков вид промоција на Прилеп – вели Здравко Тодороски, директорот.

Меѓу 31 учесник, победник, со највешто управување на дронот, со највисока брзина од 150 км. на час, низ 13 капии, беше Давид Спацек од Чешка, втор Михаел Хусарик од Швајцарија, трет Антони Георгиев од Бугарија. Награда доби единствената дама – Наталија Клепиќ од Србија. Рангирање за Државното првенство на Македонија: прв Бојан Ников, втор Александар Ников, трет прилепчанецот Бошко Петрески, четврти Костадин Тасески.

Loading