ДВА ДЕНА МЕЧЕВИ ВО СОУ „Ѓ. ПЕТРОВ“

Пинг-понг

В недела (10 ч.) продолжува првенството на Супер лигата, каде за титулата се борат двата прилепски клуба – Младост и Младост 96. Тимот на Младост 96, по двете победи, над Телеком и Радовиш, ќе се сретне со Шампион ФА од Штип и Вардар од Скопје. Младост, актуелниот вицешампион, по трите победи, со шампионот Вардар, Телеком и Работнички, сега за ривал го има Радовиш.

В сабота во истата сала е Мастерс-турнирот за пионери.

Loading