СТРУМИЧАНКИТЕ – ПРВ СЕРИОЗЕН РИВАЛ

Фудбал: Деспина игра дерби со Тиверија

Се очекува поддршка од публиката на Игралиштето со вештачка трева

Despina

Прв сериозен испит претстои за екипата Деспина, во рамките на Женската фудбалска лига. В сабота (14 ч.) на Игралиштето со вештачка трева кај некогашната Зоолошка, гостува Тиверија од Струмица. Есенва ова е едниот од двата дерби-меча во градов. Со поддршка на публиката се очекува домашен триумф, а дека прилепските фудбалерки се во одлична форма потврда е ,,газењето,, со 0-11 на последниот ривал, Истатов во Дојран. Деспина има максимални 5 победи за 15 бода со гол-диференција 41-1, додека Тиверија има 1 пораз, 4 победи и гол-разлика 44-3.

-За почит е противникот, предводен од голгетерката Теодора Димоска. Верувам дека нема да дозволиме да дојде до израз, затоа што очекувам наметнување наша игра. Составот е комплетен, одиме кон шестата победа – вели Славчо Ѓорѓијоски, претседателот на Деспина.

Табела: Деспина 15, Драгон и Саса 13, Тиверија и Шкендија 12, Ас унитед 9, Атлетико и Речица 6, Истатов, Топ-Гол и Борец 4, Кочани 1, Љуботен и Плачковица 0.

Три гостувања

Победа направи изненадување, одигра 2-2 дома со фаворитот Тиквеш, во меч со пресврти и судиски грешки на домашна штета. Црвен картон доби Д. Спиркоски. Претстои тежок дел од есенскиот дел – три гостувања. Првото е в недела во Пехчево, второто 6 дена подоцна кај Саса во Каменица, третото на 2 ноември во Струмица со Беласица. Пласманот е незавиден, на 8 место со 7 бода.

Последниот Питу Гули в недела првпат игра во Крушево, со Плачковица.

Loading