ХУМАНОСТА ПРЕД СЕ

Поетско музичката манифестација “Со босоногата по патот на светлината” во организација на Клубот на литературни творци Прилеп и Ружа Спасовска, наменета за лекување на нашиот малечок Дејан Најдоски, покажа дека прилепчани располагаат со силно чувство за хуманост. Донираа заедно со со граѓаните поетите, писателите и уметниците, меѓу кои поети и писатели од Македонија, Танцовиот клуб ,,Темпо,,, Тајфата и Димитар Андоновски, Филип Николоски,  КУД ,,Моминок,,.

Масовниот одзив потврди дека граѓаните се спремни да помогнат според можностите. Средствата беа уплатени на сметката на Дејан Најдоски со надеж за успешно лекување.

Ова беше прва од трите хуманитарни манифестации за лекување на лицата со аутизам и мултиплекс склероза. Втората манифестација ќе биде во Битола, а третата во Скопје.

Loading