СПОКОЈСТВОТО НА „МАЛИОТ“ ГРАД ОД СЛОНОТ

Прилеп во триесеттите години

Panorama na Prilep vo 30 godini od minatiot vek

Ако сега од манастирот Арахангел Михаил со поглед ја голтате Пелагонија, Прилеп во триесетите години како на тепсија се гледа од природната скулптура Слонот која се наоѓа над резервоарот под Маркови кули. Оној кој го посетил овој природен споменик, кој го забележал и Рипли, се сетил  да го фотографира мирно  распосланиот  Прилеп  до Тутунскиот комбинат.

Од Слонот како од трон да ги се впиваат со поглед  разредените куќи со многу зеленило околу нив.  Пред него, дел од прилепското поле. Се раширило слободно обработливо земјиште. Мазно како азно, што би рекле постари.

Според сликава не изгледа како Прилеп да се ,,прилепувал,, на Варош како што милуваат да раскажуваат старите Варошани. Изгледа како Варош да се ,,прилепил,, до Прилеп.

Денес, нема игла каде да се фрли. Сето што е голо и празно  на сликава е изградено. Прилеп  расте и во ширина и во должина. На наше задоволство. Куќите се наша одлика, а не зградите. А за нив треба простор.

Loading