Нова книга
,,Тоа е зборот
Што никогаш не го реков,
А ми стоеше
тука,
на врвот од јазикот.
Тоа е зборот
Што ме остави овде
Вечно во просечноста,,.
Ова е дел од стиховите од 45 песни од Тони Павлески, од новата стихозбирка ,,Пред налетот на зборот,,. Поетскиот израз е едноставен, но и сложен, непосреден, разбирлив и слоевит, богат со воодушевувачки метафори и семантика кои ја задоволуваат читателската жед за естетика, значења и повисока смисла.
Во рецензијата стои дека секој поетски здив остава трага во душата. Оти се среќава во вителот, во налетот на зборот меѓу читателот и создателот како сродни души, средба што не се заборава.
Павлески објавил две збирки поезија, книги со хаику поезија. Делата му биле објавувани во повеќе поетски списанија. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и наградата 3 -ти ноември Стиховите се преведувани на повеќе јазици.