НАУЧЕН СОБИР

foto markovi kuli

Институтот за старословенска култура и локалната самоуправа го организираа научниот собир ,,Доцносредновековни градови во централните делови од Балканскиот Полуостров, генеза развиток и структура,,, на кој учествуваа еминентни стручњаци кои се произнесоа за различни области од средновековите. Се третираше проблематика поврзана со културното минато на територијата на нашиот град.

-Од аспект на историјата на културата на општинава, темата беше именувана ,,Прилеп и Прилеп,,, бидејќи во поттекстот постои интенција да се појасни односот на средновековниот Прилеп (од 9 до 15 век), позициониран врз грамадите Маркови Кули и конституирањето и почетните етапи на развиток на современиот Прилеп во текот на 15-17 век, распространет во низината – вели д-р Бранислав Ристески, директор на ИСК Прилеп.

Се согледуваа и корелациите со процесите на позиционирање на  просторната целина Маркови Кули на постојаната листа на УНЕСКО како единство на културно и природна содржина, односно како мешовито добро еднакво вредно на Охридскиот Регион.

 -Важен сегмент беа зафатите за изградба на информативни пунктови, видиковци, осветлување, пристапен пат до фортификацијата на грамадите Маркови Кули и Златоврв-Трескавец…- дополнува Ристески.

Loading