„СЕЌАВАЊА – ИЗЛОЖБА НА ВЕЗОВИ, ПРОЕКЦИЈА НА ВИДЕО И ПЕРФОРМАНС“ ВО СКОПЈЕ

На 11 октомври во Скопје ќе биде претставена поставката ,,Сеќавања – изложба на везови, проекција на видео и перформанс,,. Во проектот се вклучени петмина уметници: Марсил Ангелов Ал-Махамид по потекло од Србија живее во Норвешка, Тамара Ристиќ, кантавторка и изведувач (Србија), Дарко Талески ликовен уметник (Македонија), Еирик Фагерхеим Калсас ликовен уметник (Норвешка), Игор Смиљаниќ визуелен уметник (Србија).

Содржината е видео перформанс, снимен на местото на масакрот на 246 затвореници во еден ден во местото Бјорнфјел, Норвешка, просторна инсталација, везови на уметникот Марсил Анѓелов Ал-Махамид и Еирик Фагерхеим Калсас инспирирани од овој настан, звучна инсталација – изведена од кантавторот Тамара Ристиќ која вклучува и традиционална македонска музика и  перформанс на групата уметници.

Идејата на проектот ,,Сеќавања,, е како да учиме од историјата. Се става фокус на една помалку позната група на народи кои биле дел од систематските убивања на нацистите во Втората светска војна, се истражува како уметноста и дискурсот на човековите права може да се осврне на сеќавањата и се мисли на актуелните случувања на Блискиот Исток и нивниот однос на Европа враќајќи се назад во историјата.

Loading