Монодрамата „DELIRIUM TREMENS“ од Благоја Ристески Платнар во режија и изведба на актерот Игор Трпчески, од Театарската работилница Прилеп се одигра во прилепскиот затвор. Првпат било каква театарска претстава се игра во казнено поправна институција во Прилеп, а можеби и во Македонија.
Од Театарска работилница Прилеп најавуваат за затворениците и други културни настани во иднина.