СОНОТ МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА СРЦЕВ И МОЗОЧЕН УДАР

Лошото спиење може да направи повеќе работи отколку што си замислуваме. Лошиот сон го зголемува ризикот од мозочен и срцев удар, а со тоа и да доведе до кардиоваскуларни болести.

Сонот е поврзан со болката која се пренесува до другите делови од телото, деменција, депресија, анксиозност и непријателство. Лошото спиење е голем фактор ризик за кардиоваскуларни болести, заедно со пушењето, лошата исхрана и недостиг на вежбање. Недостигот на спиење  предизвикува нереално чувство на глад, на што се надоврзува дебелината и болести на срцето. Хроничната ненаспаност предизвикува подигање на нивото на хормонот на стресот кој придонесува за мозочен удар, висок крвен притисок и ризик од срцев удар.

Советите за помош е добро спиење. В кревет да се оди секоја ноќ во исто време, по можност околу 22 часот. Со одење порано в кревет телото се става во складност со сопствениот природен сон. Спалната соба треба да биде поладна. Тоа на телото му сигнализира да произведува мелатонин, хормон кој помага да се спие доста цврсто. Поспаност И спремност насон предизвикува консумирање на чаша чај од камилица.

Loading