ДОМАШНА ПАСТА ПРОТИВ МРСНОТИИ

tendzere

Чудо од паста која со леснотија ги чисти од мрснотии загорените садови, шпоретот, рерната, лонци од нерѓосувачки челик, тенџериња, па дури и белите рачки на шпоретот. Загорувањето на маснотиите е неизбежна појава со која видно се огрдуваат садовите.Отстранувањето не е лесно, дури и со скапите детергенти.

Постои еден проверен рецепт од две состојки  за паста која прави чуда и е апсолутно безбедна. Се приготвува за неколку секунди. Потребни се триотстотен хидроген и ¼ чаша сода бикарбона. Во чашата со сода се додава хидрогенот и се меша да се добие моќно средство во борбата против загорените маснотии и нечистотијата.

Ако сакате да ја исперете загорената маснотија од тавчињата или тепсијата, само нанесете од пастата на проблематичните површини и оставете да делува околу 30-тина минути. Потоа исплакнете ја кората која се создала, а заедно со неа и нечистотијата. Повеќе нема потреба од мачно триење. На садовите од нерѓосувачки челик, им се враќа првобитниот сјај. Нанесете од пастата со сунѓер и добро исчистете. Исплакнете. Лесно! Може да се употреби и стара четка за заби за чистење на шпоретот, рерната, па дури и белите рачки од шпоретот. Пастата ги чисти и плочките во кујната или купатилото, лавабото, вратата од туш-кабината…

Loading