БАКНЕЖИ ЗА МОГИЛАТА

Сеќавање на Цветан Беличански за Паркот на револуцијата 

Од над 90 – тина народни херои во Македонија, 15 се од Прилеп

download

Прилеп, е град кој жртвува 650 млади животи, за слободна Македонија. Со пиетет наречен Херој. На повеќе од осум илјади учесници во НОБ од Прилеп и прилепско подигнат им е споменик, наречен Могилата на непобедените. Во нивна чест само го скицирал и реализирал белградскиот архитект Богдан Богдановиќ. Величенствениот објект дише скромно, живее вечно со сета широчина, да се надополнува со новини.

Брдото преименувано во Парк на револуцијата

Ритче југоисточно од Прилеп во непосредна близина на градот, наречено во духот на тој живот е Брдото. Било омилено катче, гнездо, секојдневно шеталиште на младите. Ова е некогашната и денешната слика на Паркот на револуцијата, чија вегетација буи од 1927 година.

Могилата на непобедените е заедничка гробница на 650 загинати, а во  Алејата се десетте народните херои. Во Паркот е и споменикот Жена – борец.

Во 1961 година се прославуваше 20-годишнина од почетокот на НОБ. Со поширока програма, се изгради величенствен споменик, зашто тука беше почетокот на востанието на македонскиот народ на 11 октомври 1941 година и масовните организирања на младите. Паркот на револуцијата е дело на архитектот Богдан Богдановиќ, кој знаеше како дишеше градот.

Пред Втората светска војна паркот бил собиралиште на напредни млади. Бидејќи полицијата ги прогонувала, младите тајно се собирале и разменувале идеи за нов слободен и почовечен живот. Наречен е Парк на револуцијата по ослободувањето, поради масовно младешко гнездо за слободна Македонија.

Оригиналната Могила, е од бел прилепски мермер, познат од антиката. Споменикот ја отсликува величината на ослободителната борба на храбрите жители од градот и околината. Испишани се сите имиња на наши и неколку руски борци, со датум на раѓање и загинување. Најмногу загинати се млади луѓе. Споменикот е составен од два дела, што чинат една Целина, крипта и предворје со пошироки димензии. Во предворјето се осумте столбови. Најголемиот столб е украсен со каналури. Бројката осум на столбовите е слободен избор на уметникот. 

Уште пет херои  чекаат за Алејата

Десет борци се соодветно чествувани во Алејата на непобедените во Паркот на револуцијата, а Прилеп дал 15 народни херои.

-Треба да се обележат имињата на Крсте Црвенкоски, Вера Ацева, Борка Темелкоски – Лилјакот и Ѓоре Дамески и Атанас Забазаноски – Рускиот.

Loading