КОЛЕКЦИЈА НА СЛОБОДАРСКА ТРАДИЦИЈА

Меморијален музеј „11 Октомври 1941

11-oktomvri-2018-prilep-12

„Вечерта беше студена, со полна месечина. Борко и Тарцан им ги објаснија задачите… Партизаните Аспарух Јосифоски, Душко Наумоски, Блаже Спиркоски, Милан Димоски и Драган Спиркоски ја нападнаа бугарската полициска станица (Участакот) на 11.10.1941 година“.

Со тој херојски напад почна НОБ на македонскиот народ. Поради настанов логично зградата на Участакот прераснува во “Меморијален музеј 11 Октомври 1941”.      

Участакот во 1921 година бил интернат од Гимназијата и Учителската школа, а за време на окупацијата станала бугарска полициска станица (Участак) (1941-1944). Сега е Меморијален музеј, во кој се остварува жив и близок контакт со поновата историја и со најсветлиот датум – 11 Октомври 1941 година.

Зградата е двокатна со приземје и кат во центарот. На приземјето е затворската ќелија, а на катот скромен балкон со ограда од ковано железо.

Првата поставката е од 1961 година, преуредена и дополнета е во 1971, 1983 И во 2013 година. Во витрините се поместени фотографии, документи, карти, скици, предмети, партизанска опрема и други експонати со придружните текстови, прикажувајќи ги хронолошки историските настани во Прилеп, со акцент на 11 Октомври 1941 година..

За празникот луѓето се интересираат за историските настани. Прашуваат за зачуваните документи, слики, кои сведочат за македонскиот непокор и нападот. Во дел се сликите на борците кои го нападнаа Участакот. Го има и Прилеп до 1940 година, преродбенското движење, илинденскиот период, балканските војни, Првата Светска војна и периодот меѓу двете Светски војни.

Постојат слики со оргиналниот бугарски полициски участак пред кој има дрвено мовче на Дабничка река. Во музејот зачуван е списокот на 154 прилепски борци, носители на партизанска споменица 1941, како и указите за прогласување на 15-те народни херои од градов.

Loading