МАРШ ЗА ПОЧИТ – ИЛИ КОЈ ГИ ЗАБОРАВИ ХЕРОИТЕ

Во пресрет на Денот на народното востание 11.Октомври

Зошто гробот на Душко Наумоски кој го испукал првиот истрел е заборавен?

11-oktomvri-2018-prilep-12

Општина Прилеп ја обновува традицијата на организирање граѓански марш до Могилата на непобедените. Во очи празникот, власта ги чистеше бистите во Алејата на народните херои. Се политизира ли празникот или Прилеп ги заборава хероите. Поентира ли владеачката партија или пак опозицијата се обидува да освои симпатии од народот, критикувајќи ги активностите. Зошто гробот на Душко Наумоски кој го испукал првиот куршум во 1941 година е заборавен?

Во рамките на одбележувањето на 78 годишнината од вооруженото востание, денеска, петок 11. октомври, локалната самоуправа го организира настанот „Во чест на паднатите борци: Марш од Участакот до Паркот на револуцијата”. Поворката тргнува во 8.30 часот од меморијалниот музеј „11.Октомври”, односно Участакот. Учесниците се упатуваат кон Паркот на револуцијата, каде делегации на локалната самоуправа, градоначалникот, Советот на општина Прилеп, политички партии и здруженија на граѓани положуваат цвеќе во Алејата на народните херои, споменикот „Жена борец” и Могилата на непобедените.

revolucijaПретседателот на Советот, Миле Талески, оствари средба со претседателството на Сојузот на борци. ОО на СДСМ на 5 октомври под мотото „Ви благодариме херои”, организираше чистење на околината и бистите на Алејата на народните херои на Могилата на непобедените.

-Испраќаме порака дека никогаш нема да ја заборавиме огромната жртва на прилепските херои во градењето на слободна македонска држава – напиша на ФБ Талески.

Имаше разни реакции. Прилепчанецот Душко Галески, објавувајќи фотографија од гробот на Душко Наумоски, човекот кој го испукал првиот истрел напиша: “Оваа слика е од 2012 година и до ден денес ништо не е преземено околу овој гроб на Старите градски гробишта. Многумина не знаат кој почива тука. Срамота е за празникот кој со толкава помпезност го славиме”.

Цена Спатопулос се потсети: “11 октомври 1964 Прилеп се сеќавам од како од пионерскиот дом  тргнавме кон Могила соа цвеќе, кое го оставив на една од бистите кои го загубија животот за денешнава слобода на овој празник.”

ОК на ВМРО – ДПМНЕ

СЕ ПРАВАТ ПАТРИОТИ, А СЕ ПРЕДАВНИЦИ

-Градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на Совет, Миле Талевски, бесрамно се фотографираа и полагаа некаква почит кон хероите чии дела и жртва ја продадоа. И до земја да се поклонат, не можат да ги исперат гревовите што го направија, продавајќи ја историјата, достоинството и гордоста на соптвениот народ. Последиците од договорите со Бугарија и Грција со кои нивниот лидер Зоран Заев се согласи на капитулација и го понижи својот народ, допрва ќе ги гледаме и чувствуваме сите. Се заблагодаруваат пред хероите кои се бореле за независна, суверена и самостојна Република Македонија, а не за нивната творевина Северна. Без срам и без никакво чувство, како ништо да не било, се прават патриоти, а целата нација знае дека се најголеми предавници кои историјата ќе ги памети и ќе им суди – реагираа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

ПРИЛЕП ДАДЕ 650 ЖРТВИ

“Прилеп во НОБ дал многу: 8.000 прилепчани биле учесници во НОБ, од кои 2.700 директно со оружје в рака. Прилеп даде и 650 жртви, 15 Народни херои, а 154 се носители на Партизанска споменица, меѓу кои и 33 жени. За сето она што било направено, на 7. Мај 1975 година, Претседателот СФРЈ, Маршалот Јосип Броз Тито, на Прилеп му го доделил орденот Народен херој, чија реплика во мермер беше вратена во музејот. 

dusko naumoskiКОЈ Е ДУШКО НАУМОСКИ

На 11 октомври на собирното место за формирањето на партизанскиот одред „Гоце Делчев” со 36 борци е месноста Црвени Стени над Прилеп. Во 22 часот три групи од борците го почнуваат нападот. Првиот истрел во 22 часот го истрела Душко Наумоски со кој го убива стражарот пред Участакот. Тоа е знак и другите две групи да го почнат нападот. Во затворот, сепак, не биле ослободени затворениците. Потоа, сите три групи се повлекуваат без загуби и со тоа е означен почетокот на оруженото востание.

Коле Чашуле:

Светилиште е Могилата на непобедените

“…-Имаат ли Прилеп, граѓаните, политички структури, организации на борци, просветните, научните и културните институции, имаат ли, со еден збор, граѓаните и фамилиите и наследниците на Непобедените некаква денешна и непорекната  идентификација со борбата и жртвите, со оние во Могилата? Ги имаат ли и денес за свои или ги отуѓиле сосема? И зошто? Толку ли е беден градот па да не може да оддели грижа и грст средства за да ангажира секоја утрина градската чистота да намине, да расчисти околу Могилата и бистите и да го отстрани она што го подизместиле ветровите или дождот? Толку ли се бедни можностите да се суредат Могилата дабидат чисти и недопирливи за вандали. Освен за почит монументот треба да се е чува и брани дневно и строго. Могилата на непобедените е светилиште кое се брани како храмовите.

Cena Spatopulos - cvekeТолку ли се презафатени да немаат време, уште помалку свест, да разберат дека нивна примарна грижа е да ги чуваат и бранат спомениците и традицијата од НОБ, како нивна најинтимна легитимација?

Со која совест остануваат бездејствени и неми пред продолжената “историја” на нејзиното понижување? Или ова денес не е повеќе Македонија на оние кои се во Могилата на непобедените?…”

Loading