КРУЖЕН ТЕК НА МЕСТО МОСТОТ ЌЕМЕРЛИЈА

Nekogasniot Kemerlija most kaj Vejkrpovci

Ќемерлија мостот поврзувал две страни на еден дел од градот во близина на местото на кружниот тек кај бензинската пумпа кај Здравствениот дом. Се помни дека бил урнат пред повеќе од шест децении.

Мостот бил со калдрма. Минувале многу граѓани. Граден е од камен, со “тунел”, висок четири метри. Под него се провирала арабаџиска кола со сено. Имало и две “тунелчиња”, за итање на Дабничката река која била бистра и минувала низ чисто корито. Пливале пајки и гуски на соседите.

Во близина била куќата на Вејкрповци. Имало и постар дуќан за грнчарија, бардиња, на мајсторот Гиче. Во близина живеел духовитиот Турчин Ибуш, кој ги смеел луѓето со мајтапи.

Loading