НАВИВАЧКИ ТАПАНИ ДО ПОЛНОЌ

Историја

Пред 40 години на 1 јули 1979 Победа влезе во Втората југословенска лига, по победата од 1-2 (со головите на З. Конески и Црвески) со Југококта во Скопје, пред рекордни 7000 гледачи. По поразот домашните отпаднаа, а гостите радосни се упатија дома. Победниците првите честитки, од најзагреаните приврзаници, ги примија на Плетвар. Кога со автобусот во 22 часот пристигна во Прилеп, пред стадионот ги пречекаа околу 4000 навивачи. Иако во период на обработка на тутунот, веселбата со песни и тапани траеше до полноќ.

Тренер беше Методија Крстески, претседател Методија Костоски.

Loading