ДВАТА ПРИЛЕПСКИ КЛУБА ВО ТРКА ЗА ТИТУЛАТА

Пинг-понг: Интересно првенство во Супер лигата

-Младост 96 со тројца млади, Младост со Србин во составот

Mladost

 

Речиси во сите спортови градов тешко одржува по еден скромен клуб, но исклучок е пинг-понгот. Таму не само што има два клуба, Младост и Младост 96, туку и двата се со највисоки амбиции – претендираат на титула. Последен пат шампионскиот пехар беше освоен во 2010 година, од страна на Младост.

Тимот на Младост 96 имаше одличен старт: победи против Телеком 4-0 и Радовиш 4-1. И на двата меча пресилни за противниците беа Петар Костовски, Андреј Лашкоски и Александар Рикалоски, водени од тренерот Гоце Тошески. Сите играчи се мошне млади и доколку дојдат до целта, тоа ќе биде голем успех и подвиг.

Во следните кола ривали се Шампион ФА и Вардар.

Младост, актуелниот вицешампион, во 1 коло со 4-0 го ,,растури,, првакот Вардар. Во второто и третото коло исти резултати со Телеком и Работнички за максимална меч-разлика 12-0. Очекувано од тренерот-играч Зоран Јованоски, со Ѓоко Јочкоски, Александар Штаргоски и младиот Србин, Дејан Оцокољиќ. Следна ,,жртва,, е Радовиш, а УГД се откажа. Дури во 6 коло е дербито Младот – Младост 96.

Табела: Младост 6, Младост 96, Шампиони ФА, Работнички и Телеком по 4, Радовиш 3, Вардар 2.          

Loading