ПРЕМИЕРА НА „ГЛЕМБАЕВИ, УШТЕ ЕДНА ЛЕГЕНДА“

„Глембаеви, уште една легенда“ варијација на драмата на Мирослав Крлежа, во режија на Бранко Брезовец, е македонско хрватскиот проект што премиерно ќе се прикаже на 7 октомври.

Проектот ,,Глембаеви, уште една легенда,, е финален резултат на долгогодишното интересирање на хрватскиот режисер Бранко Брезовец за драмата Господа Глембаеви на Мирослав Крлежа, која тој досега три пати ја поставил на сценаите во Ријека, Загреб и Прилеп.

Театарот ја подготвува претставата во соработка со продуцентската куќа Еуроказ од Загреб. Ансамблот го сочинуваат 8 професионални прилепски актери  и 5 актери, слободни уметници од Загреб, соработници на Еуроказ.

-Преплетувањето на живите ликови и нивните сеништа во радикално паралелен мизансцен и паралелен декор ќе појдат кон освестување на оние генијални пукнатини, кои според Уберсфелд, се одлика на секоја голема драма, чија нелогичност писателот суверено ја прикрива со абдукција на ритамот и гледната точка. Испреплетеноста би требало да блесне со матните односи на ликовите кои Крлежа не ги дофаќа, но милостиво ги нуди на увид. Тоа е драматуршка операција со малку трошок и агресија, само благодарејќи на супериорната љубезност на таа голема драма. За Брезовец, Глембаеви не е драма на критика и актуелизација на митското лице на тајкунизацијата. Глембаеви е драма за спасот, за цената на неговата темпоралност – се вели за претставата.

Loading