ПОЕТСКИ МЕДАЛ ЗА АНДРИАНА РИСТЕСКА ВО БЕЛГРАД

Andriana Risteska edinstven poet od   Prilep na Megunarodna poetska manifestacijaСограѓанката, поетесата Андриана Ристеска беше единствениот претставник од градот на првиот Меѓународен ромски фестивал на поезијата во Белград. При тоа, таа се закити со медал на Министерството за култура и информирање на српскатa влада. Ристеска доби и високо признание за нејзината поезија од Здружението на ромски писатели Белград и Канцеларијата за човечки и малцински права на владата и Диплома за една од своите песни од литературниот клуб ,,Душан Матиќ,, од Ќуприја.

Вели дека признанијата ги добила на место каде се промовирала  антологијата ,,Таму каде што Сава го љуби Дунав,, во која три нејзини песни се преведени на српски и на ромски јазик.

Прилепската поетеса, заедно со колеги од земјава, го претставија современото македонско поетско творештво во најдобра светлина.

Loading