„ВАРДAРСКИ ПАСТУВИ“ ПРЕД ПРИЛЕПЧАНИ

На 2 октомври, среда, од 20.00 часот во ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде прикажана претставата „Вардарски пастуви“ на Театар Комедија. Претставата е за скопска маалска банда која седи и не прави ништо. Нивното нефункционирање во средината не се должи на нивната неспособност, туку на нивната инертност и на тоа што не сакаат да се потрудат и да направат нешто повеќе со себе во животот. Се интересираат само за фудбалскиот клуб „Вардар“ и за фудбалот. Во момент на апатија и незаинтересираност, во оглас во весник наоѓаат интересна понуда за работа-машки стриптиз.

Во претствата, во режија на Синиша Ефтимов, играат  Атанас Атанасовски – Џаро, Валентин Костадиновски- Тино – Брзи, Жарко Димовски – Жица, Илија Илиовски – Касап, Столе Мицов – Лепи, Едмонд Сотир –Роки, Ердоан Максут – Шеф и Жаклина Петровска – Лина, вардарски пастуви, комити кои на крајот од претствата, во еден совршен танц од седум минути, ќе се соблечат до гола кожа и емотивно ќе се соголат. Претставата е наменета за публика над 17 години, пред се заради јазикот, а не голотијата, а влезниците по цена под 150 денари ќе се продаваат од понеделник на билетарницата од Центарот.

Loading