ИЗЛОЖБА НА ЧАТЛЕСКИ ВО ВЕЛЕС

izlozba na Catleski vo Veles

Во ликовниот салон во Велес е отворена  изложбата  насловена ,,Древниот сон,, со 18 дела масло и акрил на платно и комбинирана техника од академскиот сликар Тони Чатлески.

Според Елица Николова, историчар на уметноста од Народниот музеј во Велес, во делата авторот ги бара одговорите за смислата на животот, доброто и злото, човечното и нечовечното при што е евидентно прочистувањето на визуелната палета, додека филозофијата за сопственото постоење и живот е пренесена на надреалноста на сонот.

Чатлески циклусот го работел од 2013 до 2016 г. Според него, ,,Древниот сон,, е потрагата за вечниот живот.

Loading