ТРОЈЦА ПРИЛЕПЧАНИ ВО ЛШ

Меѓународна сцена

Секогаш е големо задоволство кога прилепските спортисти се успешни, без оглед во кој клуб настапуваат. Во саботата екипата на Еурофарм од Битола го имаше премиерното претставување во Лигата на шампионите, дома против португалскиот Спортинг. Гостите победија со 29-30, но домашните не разочараа. Во битолскиот тим беа тројца прилепчани: голманот Благојче Трајкоски, бекот Горан Кузманоски и помошник-тренерот Ице Соколески. Во средата екипата гостуваше во Шведска, на Савехов.

Еурофарм игра и во регионалната лига СЕХА.

Loading