ВАУЧЕРИТЕ ГО ОДЛОЖИЈА СТАРТОТ

Ракомет

Не стартува Првата ракометна лига за 14 септември. Причина била недобивињето ваучери очекувани од клубовите. Така, не се одигра целото коло, вклучително и мечот во ,,Ричко,, Прилеп – Јуниор КВ од Скопје. Кај ракометните љубители постои надеж дека проблемот ќе биде решен и дека наредниот викенд би требало да има почеток на првенството. За екипата на Прилеп е важно да се види како ќе настапи со млад, изменет состав, подновен со шест засилувања, во ранг каде беше пред пет години.

Во Женската лига нема проблеми. Сепак, најавениот број од 14 тима очигледно нема да биде постигнат. Една екипа (Цемс од Скопје), иако ја имаше во извлекувањето и на првичниот распоред, во најавата за есенските кола, ја нема! Минатиот викенд се одиграа четири меча, во средата уште два, меѓу кои и Деспина – Куманово (22-31). Куманово, за кого брани прилепчанката Ивана Наумоска, е кандидат за титулата, а потврда на квалитетот е триумфот врз чешката Славија, во купот ЕХФ. Деспина викендов игра со Вардар во Скопје.

Loading