ФОРМИРАН ФК МАЖУЧИШТЕ

Општинска лига

Почна првенството во Општинската фудбалска лига Б, каде меѓу 14 клуба два се обновени – Бучин и Вардар Долнени, а  сосема нов е Мажучиште. Клубот го водат неколку ентузијасти, како Трајче Ангелески и Горан Јорданоски. Мотивација е големиот интерес кај младите да играат. Тоа е добро за фудбалот, спорт кој може да тежнее кон квалитет само преку масовност. Во првото коло одиграно во саботата, Мажучиште гостуваше во Боротино (4-4), а в сабота првпат игра дома, со Бучин. Почетна амбиција на клубот е адаптација во овој ранг. Понатаму ќе се размислува и за повисоки цели.

Мажучиште има и постар клуб, Динамо, член на Третата лига – Центар.                                                   

Loading