ШЕСТО МЕСТО ВО СВЕТОТ

Историја

Во годините по осамостојувањето на Македонија, шахот зеде голем замав во развојот, бидејќи беа организирани неколку велемајсторски турнири и добиени првите велемајстори – Никола Митков и Влатко Богдановски. Беше користена секоја можност да се учествува на меѓународни натпревари и да се промовира државава. Така, во август 1993 година Пионерската шаховска репрезентација на Македонија беше учесник на Првата детска олимпијада во Линарес (Шпанија). Во составот беше прилепчанецот Христијан Стефаноски од ШК ,,Еуроинвест 11 Октомври,,, повикан од селекторот Богдановски поради вице шампионската позиција. На олимпијадата беше многу напорно, се играа по две кола дневно, но Македонија издржа и се пласира високо – на 6 место.

Учествуваа 60 држави.

Loading